Кремљ: Воената операција оди според планот, Русија не барала воен помош од Кина

Русија не барала воена помош од Кина затоа што има доволно воена моќ и на време и целосно ќе ги исполни своите цил во Украина, порача во понеделникот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Министерството за одбрана на Руската Федерација, остовремено осигурувајќи максимална безбедност на цивилното населние, не ја исклучува можноста да ја преземе контролата над поголеми население центри“, изјави Песков на редовниот брифинг за новинарите.

Песков посочи дека руските сили веќе опколиле некои од најголемите украински градови и ги отфрли написите на американските весници дека Русија наводно барала воена помош од Кина.

Весниците The Financial Times и The Washington Post, во неделата вообичаено повикувајќи се на наводно неименувани американскки функционери, објавија дека Русија наводно незадоволна од одвивањето на операцијата во Украина барала воена опрема од Кина. Притоа не се дадени никакви поединости, ниту информации за каков вид воена опрема станувало збор, ниту каков бил одговорот на Пекинг.

Претходно во понеделникот на редовниот брифинг во Пекингт и кинеското министерство за надворешни работи ги отфрли американските написи квалификувајќи ги како дезинфорамции.

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан, кој во понеделникот во Рим ќе се сретне со првиот кинески дипломат Јанг Џиечи, се закани дека Пекинг „апсолутно ќе трпи последици“ доколку ѝ помага на Москва да ги заобиколи западните санкции.

Кина никогаше не ја осуди „специјалната воеан операција“ на Русија во Украина и одбива да ја нарече „инвазија“, туку во стилот на Западот во некои други конфликти „ги повикува двете страни на решение преку договори“.