Кремљ: Инцидентот со соборениот авион е премногу сериозен за да се брза со заклучоци

Според Кремљ, инцидентот со соборениот авион е премногу сериозен за да се брза со заклучоци.

Кремљ смета дека не е во ред да се говори за било какви последици врз односите меѓу Русија и Турција по инцидентот со рускиот борбен авион, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува агенцијата ТАСС.

Мора да бидеме трпеливи, ова е сериозен инцидент, но без сите информации не е возможно да се каже било што и тоа би било погрешно, рече Песков.

Засега не се знае дали посетата на министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, која беше најавена за утре, ќе биде откажана.

Исто така, не се знае дали рускиот претседател Владимир Путин кој за денес има закажана средба со кралот Абдула Втори, ќе даде изјава во однос на инцидентот со борбениот авион.

Инаку рускиот борбен авион од типот Su-24 се урна во близина на сириско – турската граница. Според турските власти авионот го нарушил воздушниот простор на Турција, бил предупреден неколку пати, а потоа бил соборен.

Двајцата пилоти се катапултирале пред падот на авионот, а едниот од нив е заробен од страна на бунтовничките сили. Повеќе за ова на следниот линк.