Кремљ ја потврди средбата на Путин со Ким овој месец

27

Севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун ќе допатуива во Русија во втората половина од април, и ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, објави Кремљ во четвртокот.

„Посетата ќе се случи во втората половина од април“, се наведува во соопштението на Кремљ во кое не се прецизира местото на состанокот. Претходно во вторникот московскиот дневен весник Известија, повикувајќи се на на неименувани дипломатски извори, наведе дека руско-севернокорејскиот состанок на врвот ќе се случи на рускиот Далечен исток, најверојатно во Владивосток, пред посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Кина на 26-ти и 27-ми април. Тоа ќе биде првата службена посета на севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун на Русија.

Поради оваа најава американскиот специјален пратеник за Северна Кореја во среда пристигна во Москва за разговори со руските функционери, пред можниот состанок на врвот следната седмица меѓу рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун. Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја, Стивен Биеган, според најавите би требало да разговара „со руските функционери за напорите за постигнување на потполната денуклеаризација на сверна Кореја која ќе може целосно да се проверува“, соопшти американскиот Стејт департмент.

Најавата на руско-севернокорејскиот самит доаѓа во периодот кога американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација се обидуваат да го протуркаа договорот со Ким со кој се има намера потполна денуклеаризација на Корејскиот полуостров. Двата претходни самита меѓу Трамп и Ким не успеаја да доведат до договор за нуклеаризацијата, а во Вашингтон се надеваат на трет самит. Во меѓувреме САД во март наметнаа нови санкции против севернокорејската нуклеарна програма, по пропаѓањето на разговорите мешу Трамп и Ким во Виетнам во февруари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.