Кремљ: На Русија и САД подеднакво им е потребна средба меѓу Путин и Трамп

На Русија и на Соединетите држави подеднакво им е потребна средбата на претседателите Владимир Путин односно Доналд Трамп на претстојниот самит на групата Г20 во аргентинската престолнина Буенос Аирес, соопштија во средата од Кремљ.

„Двете страни подеднакво имаат потреба од оваа средба…. На први декември ќе се сретнат рускиот и американскиот претседател, прво во четири очи, а потоа со клучните членови на делегациите на двете земји… Содржната на разговорите и нивното траење целосно зависи од распоредот на двајцата челници“, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков неосврнувајќи се на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп поради вооружениот инцидент меѓу Украина и Русија во Црното Море.

Во интервјуто за весникот The Washington Post, Трамп во вторникот вечерта рекоа дека „не му се допаѓаа таа агресија“, алудирајќи на инцидентот меѓу руските и украинските бродови. „Можеби нема да одам на таа средба“, додаде американскиот претседател.

„Подготовките за средбата продолжуваат, средбата е договорена“, одговори на новинарско прашање во врска со изјавата на Трамп, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Освен со Трамп, во Буеност Аирес Путин треба да разговата и со кинескиот претседател Кси Џинпинг и со францускиот претседаел Еменуел Макрон, на 30-ти ноември, како и со германската канцеларка Ангела Меркел на први декември.

Саудискиот престолонаследник прионцот Могамед бин Салман ал-Сауд и јапонскиот премеир Шинзо Ане, исто така, би требало да имаат одвоени билатерални средби со Владимир Путин, додаде Ушаков.