Кремљ најави средба Путин-Меркел во Франција

Рускиот претседател, Владимир Путин ќе се состане со германската канцеларка, Ангела Меркел во Франција во текот на одбележувањето на 70 годишнината од сојузниот ден Д, изјави Јури Ушаков, советник за надворешна политика на Путин.

Претходно беше најавено дека за време на одбележувањето, Путин ќе се сретне и со францускиот претседател Франсоа Оланд и британскиот премиер Дејвид Камерун.

Ушаков рече дека не е планиран состанок со американскиот претседател Барак Обама.

Кремљ, исто така, соопшти дека Путин и Меркел денеска разговарале телефонски за координираните мерки за ублажување на кризата во Украина, како и за снабувањето со плин на Европаксата Унија и Украина.