Креспо и Панучи се кандидати за тренерското место во Осиек

Аргентинецот Ернан Креспо му се придружи на Италијанецот Кристијан Панучи на листата кандидати за преземање на тренерската функција во хрватскиот прволигаш Осиек. Од клубот од Славонија се решени да донесат славно име на клупата.

Креспо и Панучи имаа феноменални кариери како фудбалери, но како тренери уште не се докажани. Креспо работеше во академијата на Парма, во италијанскиот второлигаш Модена и во аргентински Банфилд.

Панучи беше тренер на Ливорно и Тернана, потоа две години беше и селектор на Албанија, а неговото име се спомнува и како можен кандидат за тренер на тетовска Шкендија.