Криел хероин во кутија цигари

Полицијата привела дилер на хероин, вчеера во Тетово, информираше МВР.

Осомничениот бил фатен со дрога околу 16.30 часот на улицата Иво Лола Рибар.

Полицајци го сопреле Ј.Ќ. (39) од село Нераште и му извршиле претрес. При тоа во кутија од цигари биле пронајдени седум најлонски пакувања со хероин. Пакувањата му биле одземени и дадени на вештачење, а тој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.
По целосно расчистување на случајот, против Ј.Ќ. ќе биде поднесена кривична пријава.