Крим ќе ја преземе сопственоста над државните компании

Крим наскоро ќе ја преземе сопственоста над украинските државни компании на своја територија, изјави денеска првиот заменик премиер на Крим, Рустам Темиргалиев.

Тој рекол дека трансферот ќе биде подготвен во следните денови…„за голем имот кои што и’ припаѓа на Украина,  а се наоѓа на територијата на Крим“.

Меѓу компаниите кои ќе бидат преземени од страна Крим, тој ги споменал Черноморнафтохас и државната железница.

„Имотот на приватните компании и лица ќе останат во нивна сопственост“, рекол тој и додал дека сопствениците треба повторно да го регистрират својот имот по руските закони.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.