Крим: Русија ја јакне Црноморската флота

Војската на Русија најавила дека ќе ја зајакне воената флота во Црно море, чија главна база е на Крим, украинскиот полуостров кој Москва го анектирала во март оваа година.

„Денес почнавме јанење на Црноморската флота“, рекол адмиралот Витко во порака која ја пренела прес службата на флотата. Тој најавил зајакнување на морнарската вијација, крајбрежната ртилерија, изградбата на бродови и подморници.

Во вторник претседателот Владимир Путин изјавил дека Русија „треба да ја обнови воената инфраструктура“ во Севастопол, на Крим, „за да ја зајакне одбраната на земјата“, како одбрана на зголеменото присуство на НАТО воисточна Европа, а особено во Црното и Балтичкото море.

Повеќе од 86 милијарди рубљи (1,75 милијарди евра) до 2020 година треба да се вложи во развој на Црноморската флота, објавил дека мај оваа година министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Руската флота е на Крим од 18 век, а тамо е по договор со Киев, останала бидејќи Украина 1991 година прогласи независност.