Крим сака да се присоедини кон Русија

 Врховниот совет на Крим донесе решение да го промени датумот за одржување на референдумот за статутот на Крим на 16-ти март. Заменик министерот на автономната република, Рустам Темиргалиев вели дека на референдумот ќе бидат поставени две прашања: „Сакате ли Крим да се присоедини кон Руската Федерација“ и „Согласни ли сте уставот на Крим од 1992 година да биде возобновен?“

Освен тоа, парламентот на автономната република во состав на Украина, Крим донесе решение да побара од Русија да ја разгледа молбата на регионот за присоединување кон руската територија.

Во меѓувреме, дипломатските обиди за смирување на кризата во Украина продолжуваат со средби во Рим и Брисел.