Криминалци, убијци, затвореници агитираат „за“ референдумот (ФОТО)

Контроверзниот функционер на ДУИ, Бекир Асани, познат по повеќе инциденти и скандали во јавноста, на Фејсбук ги повика Албанците да гласаат „за“ на претстојниот референдум за промена на името на државава.

„Драги роднини, пријатели, соборци, сонародници.
Денес (како никогаш досега) сме на прагот на остварување на вековните цели -членство на големото семејство на демократските, цивилизираните и современите држави. Во НАТО и во Европската унија.

Евро-атлантските вредности и евро-атлантската перспектива се столбовите што се воспоставени пред повеќе векови и се потврдија особено од периодот на нашата славна преродба, на еминентните лица на нацијата. Погледот и визијата на Албанците се насочени кон Европа на демократски вредности. Целта и определбата на Албанците е да се интегрираат во ЕУ и во НАТО, кои создаваат безбедност, развој, интеграција на националните вредности, квалитет, перспективи, можности …

Албанците отсекогаш биле будни, храбри и обединети кога станува збор за нивната најдобра иднина. Албанците секогаш го претставуваа доброто, се бореа против злото.
Албанците на Македонија формираа моќни сојузи низ вековите, кон вредноста, погледите, слободата, … Нам, сегашните генерации сѐ уште ни е свеж сојузот на Албанците создадени во 2001 година. Сојузот што на цивилизираниот свет му прати силна порака како се сака татковината, како се брани татковината, како се бараат и добиваат правата и слободите на поединецот.

2018 година браќа и сестри, ни нуди можност за нова преродба, за нов поглед кон цивилизацијата, за прегратка со просперитетна иднина. 2018 година претставува тропање на вратата на куќата на благосостојбата, наречен НАТО и ЕУ.

Дали сме за цивилизација и перспектива за новите генерации, или ќе им дозволиме да бидеме во канџите на мрачните политики кои ни донесоа солзи и црнила низ вековите?

На 30 септември 2018 година, граѓаните на Македонија и Албанците како дел од неа ќе имаат само една врата кон која ќе одат. Таа врата е вратата на гласачкото место за гласање за НАТО и за ЕУ.

Апел до сите роднини, пријатели, соборци, сонародници, сограѓани, да излезат што е можно повеќе на избирачките места. Да се ​​изјаснат за европската иднина, за перспектива на младите генерации, за братската политика на Соединетите Американски Држави и државите на Европската унија.

Апелирам до моите браќа и сестри, барем овој пат, да не ги гледаме политичките партии и кланови на поединци и структури. Да се ​​бидеме како едно. Да гласаме за европските вредности.

Апелирам до политичките субјекти да не калкулираат со судбината на идните генерации. Да се ​​мобилизираат максимално за остварување на европската определба.
Пусти се тие кои ја пропуштаат оваа историска и национална шанса.
Госод да го благослови албанскиот народ. Господ да го благослови американскиот народ и цивилизираните европски народи“.

Последниот инцидент на Асани, што предизвика реакции во јавноста беше нападот врз полициска службеничка, која се обидела да му го крене со пајак непрописно паркираниот џип на Бит-пазар.
Асани бил поранешен припадник на УЧК, а го поврзуваат со пукања на изборен ден, нападот врз новинарот Лирим Дулови во 2008 година, закани кон Зоран Заев на почеток на 2016 година, демолирањето на споменикот на Цар Душан кон крајот на 2013 година, нападот врз Тодор Петров кон крајот на 2016 година…

Во интензивната кампања што се  води за позитивно изјаснување на референдумот на 30 септември, власта брутално ги вклучува сите свои апологети, без разлика, дали станува збор за влијателни јавни личности, политичари, професори, уметници, деца… Во таа агитација, непромислено се протнуваат дури и криминалци и затвореници, што секако претставува невешта и губитничка креација во мотивирање на граѓаните да го дадат својот глас „за“.

На фотографијата долу, колегијална поддршка за референдумот даваат затвореници, осуденици за убиство, трговија со дрога и оружје…

Од лево кон десно: Рубинчо Здравевски, осуден за убиство на колега полицаец. Филип Павловски, осуден за трговија со хероин. Дарко Велковски, долгодогишен затвореник за тешки кражби и трговија со дрога. Дејан Николоски Бурдата, осуден за убиство.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.