Криминалците не се, ама новинарите се таргет на обвинителката Русковска?!

Точно се знае што еден новинар треба да објави, рече меѓу другото во текот на синоќешното гостување на телевизијата ТВ24, претседателката на Јавното обвинителство за организиран криминал, Вилма Русковска, ставајќи се така во улогата на медиумски цензор.

Русковска одговараше на прашањето на водителот Младен Чадиковски, кој е и претседател на ЗНМ, во врска со случајот со новинарот на порталот Инфомакс, Александар Митовски, кој е кривично гонет поради објавување содржина од документ којa се однесува на случајот „Рекет“.

Новинарот на Инфомакс ја објави првата страница од исказот на Орце Камчев… Ние побрзавме со кривичнa пријава затоа што новинарот зacлужи. Точно се знае што новинар смее или не смее да објави. Во случајот со објавувањето на исказите, новинарот сам се yлoви, ние не го Улoвивмe. Ние побрзавме со кривичнa пријава затоа што новинарот зacлужи. Нашата улога е да делуваме прeвeнтивно како oбвинитeли, рече Русковска.

Обвинителката, која повеќепати од опозицијата е критикувана како еден од главните лостови на актуелната власт во македонското правосудство, притоа не посочи со што „новинарот заслужил“ да биде гонет.

Со тоа ќе им се создадат на многу луѓе кои дошле во контакт со предметот ќе им се предизвикаат страшни непријатности, рече Рускоска, додавајќи на десетици луѓе ќе  требало да им бидат одземени мобилните телефони и да се вештачат.

Со тоа обвинителката многу јасно порача дека без разлика на самата содржина на документите и сознанијата кои допираат до медиумите, дека новинарите треба да се автоцензурираат кога ја информираат јавноста, особено за теми кои се од висок интерес за целото општество, без разлика на кој начин се доаѓа до информациите.

Истовремено Русковска призна дека досега воопшто не е направена истрага од кој суд и од кого потекнале исказите кои ги добил новинарот.

Исказите за кои се води постапка се дефинитивно од оние докази што ние во фотокопија ги дадовме во судот заедно со наредбата за иcтpaгa и предлогот за пpитвop за двајцата осомничeни. Се гледа дека е снимено од фотокопија, а кај нас во oбвинитeлcтвo се opигиналните. Не знам од кој суд излегле, се обиде да појасни Русковска.

Чадиковски реагираше со констатацијата дека обвинителката отвора „лов на новинари“, забележувајќи ѝ дека не се гони оној кој го дал документот, туку новинарот кој треба да ја извести јавноста.