Криминална група „веројатно“ од Русија одговорна за хакерскиот напад врз JBS, тврдат извори

Хакерска група позната под името REvil, којашто веројатно има седиште во Русија, стои врз нападот на компанијата за преработка на месо JBS, открил неименуван извор за агенциите Reuters и Bloomberg.

Белата куќа во вторникот соопшти дека JBS ја известил американската влада дека зад кибернетичкиот напад врз компанијата, кој го наруши производството на месо во Северна Америка и Австралија, е одговорна криминална организација чиешто седиште веројатно е во Русија.

Петте најголеми погони за преработка на месо во САД морале да престанат со производството поради нападот, објавија американските медиуми повикувајќи се на синдикатите и вработените кои од среда се враќаат на работа.

Холдингот „J&F Investimentos“, на којшто му припаѓа JBS, врботува повече од 250.000 луѓе и е присутен во 190 земји и региони во светот.

Ова е третиот поголем напад годинава кој САД го поврзуваат со Русија. Портпаролата на Белта куќа, Џен Псаки, во средата изјави дека за хакерскиот напад врз JBS би требало да се разговара на самитот на америкаснкиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин на 16-ти јуни во швајцарска Женева.

„Претседателот Бајден мисли дека претседателот Путин и руската влада имаат улога во запирањето и превенцијата на овие напади“, рече Псаки.

Во мај беше изведен хакерски изнудувачки напад врз „ Colonial Pipeline“, најголемиот цевковод за енергенси во САД. Нападот Федералното биро за истраги (FBI) ѝ го припиша на хакерската мрежа DarkSide, за која се верува дека дејствува од Русија или некој друг дел на источна Европа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.