Криминалната коалиција на ДУИ и СДС во договорот за коридорите вметнале најмалку пет специјалисти кои пет години ќе земаат плата од 36.500 евра месечно

-Во договорот за изградба на коридорите 8 и 10д, кој беше доставен до ВМРО-ДПМНЕ од свиркачи, стои дека изведувачот има право да ангажира специјалисти, чиј број ќе биде договорен, кои ќе имаат четири насоки на работа, создавање на спецификации за автопатите, создавање на студии за влијание врз животната средина, студии за влијание врз заштитеното богатство од УНЕСКО во Охридскиот регион, како и разгледување на спецификациите на автопатите. Значи, ова се најмалку четири спецификации, што значи дека ќе се ангажираат еден координатор и четири специјалисти, најмалку пет лица, иако бројот е недефиниран, може на пример да се и 50 лица, велат во партиското соопштение оде ВМРО-ДПМНЕ.
-Внимавајте, месечната плата за овие специјалисти ќе биде ни помалку, ни повеќе 36.500 евра. Доколку еден човек се ангажира за 5 години колку што владата вели дека ќе се изведат автопатите, во тој случај само еден човек би земал 2 милиони и 190 илјади евра. А, ако се ангажираат најмалку пет лица, колку што минимум треба да се ангажираат според овој договор, тие би земале цели 11 милиони евра. Овие 11 милиони евра, се надвор од веќе договорените 1 милијарда и 300 илјади евра.
Криминалците од власта и преку оваа ставка од договорот планираат да украдат уште повеќе пари од граѓаните, бидејќи кај се видело специјалист за надзор да зема месечна плата од 36.500 евра.
Одговорност за овие криминали на власта ќе има, во тоа да бидат сигурни, стои во соопштението на партијата.