Криминалната власт на ДУИ и СДС, ја упропасти државата енергетски, ВМРО има план Македонија да биде извозник на струја

ДУИ и СДС ги интересира само личниот профит во енергетиката, во наместените и доделени тендери во четири очи во Осломеј, во Неготино, набавките на скап јаглен, а ги интересира многу и како сами на себе да си префрлаат државно земјиште за изградба на фотоволтаици, како на пример случајот, со сопругата на Ковачевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Хидро потенцијалот до скоро пред да се влошат временските прилики во Македонија беше на историски најниско ниво, пресушуваа езерата, пресушуваа реките. Скапата струја ја донесе инфлацијата и нема производ кој не е неколкукратно поскапен. За народот скап живот, а за власта тендери.

ВМРО-ДПМНЕ по промената на власта, оваа ситуација ќе ја промени, а за да се промени, мора макотрпно да се работи. Македонија место увозник на струја, ќе биде извозник на струја, која ќе го снабдува регионот. Македонија има потенцијал, луѓе и кадар за тоа да го постигне, потенцираат од партијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.