Криминални пари и методи за уставно демонтирање на државата и опозицијата

251

Поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Катица Јанева, во завршните зборови на денешното судење за случајот „Рекет“ рече: „Се што кажа Бојан вчера го поддржувам целосно и се е точно“.

Јовановски кажа дека тогашниот премиер, а сега само лидер на СДСМ, Зоран Заев, преку смс-порака го повикал да ги соочат доказите. „Дојди да се видиме и ќе се соочиме со доказите“ е пораката од лидерот на СДСМ испратена до Боки 13 на 16 април минатата година.

Ова значи дека Заев ги поседувал доказите што ги имала и обвинителката Вилма Русковска и тоа по пријавата, како што вели тој дека е две седмици подоцна, на 2 мај.

Ова подразбира и дека некој му ги дал доказите на Заев.

„Јас сум сведок и бев – тоа може да се провери многу едноставно доколку има некој интерес да го провери – на 10 ноември 2019-та точно во 16 часот во кабинетот на тогашниот премиер Зоран Заев. Сабота како ден. Тогашниот премиер ми кажа дека голема штета направила Катица Јанева со отварање на предметот „Империја“ поради Сашо Мијалков и Јордан Камчев, бидејќи имале пратеници кои им требале за да му гласаат уставни измени“, рече Јовановски на вчерашното рочиште во случајот „Рекет“ и додава:

„Затоа не се вештачи мојот телефон, затоа што не треба да се види мојот телефон, за да не се види мојата комуникација со Сашо Мијалков. Затоа што Зоран Заев тогаш многу сакаше да соработува со Мијалков за помош во врска со референдумските прашања. Требаше да го снимаме Мијалков и тој да помогне“.

Ова е прилично смело сведочење на Јовановски. Ако имаат храброст обвинителите и судиите може да отворат неколу предемти од нив. Злоуптреба на функцијата за поткуп на пратеници за гласање на уставни измени за целосно менување на државноста на Македонија. Потоа, тоа подразбира дека за истата цел се употребуваат криминални пари и соработка со осомничени лица. Но и дека премиерот соработува со подземејето за да се смени Уставот. Кога сето ова ќе се стави на едно место – криминал, поткуп, подземје, произлегува делото насилна промена на Уставот, односно велепредавство.

Во понатомошниот дел од сведочењето на Јовановски точно се посочува кој што работел и зошто. Тој истакнува и дека Кичеец ги снимал Мицкоски и Заев.

„Јас сум сведок дека Кичеец го снимаше Мицкоски, го снимаше Заев, ме снимал и мене и тоа го употреби во Обвинителство како доказ против мене. Јас не се плашам од никого, ниту од Вице, ниту од Зоран Заев. Ме видовте ли дека јас носам некаква торба. Кичеец и Камчев имаа земање-давање. Јас знаев дека Русковска нема да дојде денеска, жалам што не дојде зошто носам марама Луј Витон и сакав да и ја подарам за да види дека овој монограм на Луј Витон го има и на други торби и куфери кои јас ги поседувам, а таа тврди дека Луј Витон торбата што ја носи Кичеец завршила кај моите родители. Торбиштето на Луј Витон што го носи Кичеец, не е истата што ја имам јас“, рече Јовановски и покажа фотографии на други торби Луј Витон и куфер што тој ги поседува.

Според Боки 13, Кичеец е пуштен во домашен притвор со агенда. Политичка агенда како што вели Јовановски.

Додека адвокатот на Јанева истакнува дека сега осудениот Зоран Милевски – Кичеец очигледно било дека е лице кое имало единствена задача – незаконски да снима разговори кои ги води, да нуди и да посредува во поткуп и да поттикнува кривични дела..

„Деновиве можеме да слушнеме нови ‘бомби’ снимени од сега осудениот Зоран Милевски – Кичеец. Оттука, можеме да заклучиме дека единствена негова задача била незаконски да ги снима разговорите, да посредува во поткуп и да поттикнува кривични дела“ – рече адвокатот во завршниот збор.

Според него, ПИ Мерките биле презентирани во судот на „најпазарски начин“, објаснувајќи дека додека Вилма Русковска презентирала докази за кои тврдела дека се од Охрид, а биле снимени во Скопје и можело да се види таткото на Боки 13 и неговото куче како излегуваат од „Лајт Кафе“.

Покрај поткупот на пратениците, Заев и Мијалков, исто така на валкан начин, требало да го дискредитираат и лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за да не се спротивставува на уставните промени, односно промената на името и потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија.

Јовановски вели дека кога Катица Јанева ќе се одважи да проговори дека е жртва на уцена, тогаш ќе се види која е неговата вина во случајов.

Јанева денеска во своето излагање посочи дека власта на СДСМ има воспоставена целосна контрола врз правосудството, па се одело дури до таму за Зоран Заев да добие ослободителна пресуда за случајот „Поткуп“ да се менуваат закони.

Имајќи го ова во предвид и тврдењето на неговиот адвокат Сашо Дуковски, кој вели дека најсмешно во судскиот процес е начинот на кој било пријавено кривичното дело и тоа во ресторан кај Горан Николовски, шеф на УБК.

„И што направил тој, ништо. А, требало преку службена белешка да го извести Бирото за јавна безбедност. Јас таков офицер на висока позиција не познавам кој вака ќе постапи и едно вакво големо кривично дело ќе го остави на неформален разговор и нема ништо да преземе. Во овој судски процес сѐ е бисер до бисер, нема докази. Обвинителот селективно ги цени исказите и тоа само оние кои се на штета на обвинетиот. Зошто не се зема предвид исказот на Сергеј Варошлија кој рече дека не ја видел Ана Камчева, или на Стојан Арсовски кој даде исказ во судот дека Камчева кога била кај Јовановски не носела ниту ташна или некакво несесерче кое ќе собере 350.000 евра. Ве молам во мало несесерче толку пари!? И овој бисер се зема како доказ“, забележа Дуковски.

Едно вакво тврдење фрла сенка на државата. УБК, која по дефиниција треба да го штити уставниот поредок на Македонија, директно се вмешува во нејзиното разнебитување.

Во секоја серионза држава ваквите дела се казнуваат. Ако се навратиме малку поназад, во периодот кога беа изнесени снимените разговори од оваа служба, ќе забележиме дека кај нас се прават работи кои ни се удираат од глава на она што се вика држва, државност и функционирање на системот. Свиркачите кои ги изнесоа снимките од УБК, да речеме дека направија општествено добра работа, но во исто време и штета, зашто не се знае кој се ги има прислушуваните разговори, што е многу важно за безбедноста на државата. Од друга страна, ниту една држава такви лица не враќа на работа во тајните служби, а ние го направивме тоа. Тоа значи дека делото може да го повторат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.