17.8 C
Skopje
недела, октомври 6, 2024

Криминалот и корупцијата на власта може да ја загрозат визната либерализација за граѓаните, вели Стоилковски

Крајот на годинава имаше една полициска акција во која беа фатени луѓе од царинско-полициските структури на Табановце којшто земале пари и според полицискиот билтен и оние информации кои беа споделени за јавноста од МВР зимале пари и пропуштале луѓе без документи, пропуштани возила без документи, регистрација, зелен картон и друга документација. Што покажа ситуацијата со автобусот на смртта при патување пред да се запали? Покажа дека автобус без лиценца, без валиден документ, шофери без лиценци, сертификат за меѓународни возење над 120 -130 ги поминал државните граници на Македонија и влегувал во ЕУ, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во Радио Лидер.

Портпаролот во текот на своето гостување се осврна и на случајот „Двојник каде над 215луѓе од светското подземје добија биометриски документи.

-Го имаме случајот Двојник каде 215 луѓе од светското подземјето кој што се барани на определени листи-Интерпол, на меѓународни потерници си влегле во државата. Влегле во полициска станица, имале договорено, системот за биометриски документи со кој беше услов за визната либерализација ги седнува во полициска станица во онаа кабина каде сите ги сликаат за да им извадат биометриски фотографии, системот претходно определува досиеја на Македонци, им ги вади точни податоци, тоа се реални пасоши со вистински име презиме, адреса, фотографија е таа, издава идентитети на Македонци на белосветски мафијаши. Значи се злоупотребува државата и им се издава биометриски документ за патувања. Април 2021 излегува аферата и оттогаш до сега нема месец да помине, а да не излезе нова афера. Имаме информации дека тие луѓе биле пречекувани во Македонија, во приватните вили на функционери, да не заборавиме сведочењето од Турција, рече Стоилковски.

Портпаролот Столковски потсети и на последниот таков случај Онишченко кој е на црната листа на САД добива македонско државјантво.

-Имаме уште еден случај кон крајот на годината, а тоа е случајот Онишченко за кој не верувам дека е еден и единствен, каде човек кој е на црната листа, човек за кој има поведено за криминал и корупција во 2016 постапка во Украина и доаѓа во Македонија, а во 2021 е на црна листа заради негова вмешаност во оние хакерски групи. Зошто е ставен на црната листа на САД, заради вмешаност на изборите во САД и тој човек добива државјанство и македонски биометриски документи за да може да патува, додаде Стоилковски.

Според Стоилковски ваквите афери ја доведуваат во прашање визната либерализација за граѓаните на Македонија. Токму граѓаните ќе бидат жртви на криминалот и корупцијата кој владее во власта.