Крис Фрум ослободен од обвинението за допинг

Меѓународниот велосипедски сојуз (UCI) го затвори случајот против Крис Фрум за наводен допинг.
Четирикратниот шампион на Тур де Франс беше под истрага од септември, откако се утврди дека во текот на трката во Вуелто, која ја освои, имал два пати повеќе „салбутамол“ во крвта од дозволеното. „Салбутамол“ е лек за астма и не е на листата на забранети супстанции, но постојат јасни граници за спортистите што Фрум ги пречекорил.

Од UCI изјавија дека затворањето на предметот е засновано врз мислењето на експерти.

Беа ова многу емотивни девет месеци. Им благодарам на сите оние кои ме поддржаа и кои ми веруваа во текот на целиот процес. Се потврди она што го реков дека никогаш не би ја понижил победничката маица. Никогаш не се сомневав дека случајот ќе биде затворен, бидејќи знаев дека не направив ништо погрешно, изјави Фрум.

Се очекува дека оваа одлука на UCI значително ќе влијае на одлуката на организаторот на Тур де Франс на британскиот велосипедист да му биде забрането учество во трката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.