Кристал Палас го елиминираше Тотенхем во ФА Купот, деби на Игуаин за Челзи

Фудбалерите на Челзи и Кристал Палас изборија во неделата пласман во осминафиналето од англискиот ФА Куп, совладувајќи ги второлигашот Шефилд Веднсдеј односно Тотенхем.

Челзи без многу напори ја одработи средбата против Шефилд, со двата гола на Вилиан, во 26 од пенал и во 83 минтуа, а меѓу стрелците се впиша и Калам Хадсон-Одои во 64 минута.

За Челзи дебитираше Гонзало Игуаин кој минатата седмица се пресели на „Стенфорд Бриџ“ од Милан. Аргентинскиот напаѓач играше до 82 минтуа упатувајќи три удара кон противничкиот гол.

Кристал Палас во градското дерби го победи Тотенхем со 2:0, остварувајќи ја првата победа против „Спарс“ по петте последователни порази со идентечен резултат од 0:1.

Домашните дојдоа во водство во 9 минута со голот на Конор Викам, за кого ова беше прв погодок по 799 дена. На 2:0 зголеми Андрос Таунсенд во 34 минута од пенал. Во последните минути од првото полувреме пенал беше досуден и за Тотенхем, меѓутоа Киеран Трипие биеше крај левата статива.

Тотенхем така во последните четири дена е елиминиран од двата англиски купа. Во четвртокот загубија во полуфиналето од Лига купот од Челзи и во недела вечерта од Кристал Палас во ФА Купот.