Американската актерка Кристен Стјуарт ќе го предводи жирито на Берлинскиот филмски фестивал кој по 73-ти пат ќе се одржи во февруари во германската престолнина, соопшти во петокот организаторот на манифестацијата.
„Со импресивна заднина зад себе, таа претставува совршена врска меѓу САД и Европа“, вели во изјавата на веб-станицата на филмската смотра уметничкиот директор Карло Шатријан.
Триесет идвегодишната актерка глумеше во десетици филмови, меѓу кои и во хитовите „Panic Room“, екранизацијата на серијата романи „The Twilight Saga“, „Still Alice“, „Spencer“…
Најновото, 73-то издание на Берлинскиот меѓународниот филмски фестивал ќе се одржи од 16-ти до 26-ти февруари. Повторно централна сцена ќе биде Берлинскиот дворец на Постдамер Плац.
Оваа 2022 година во главната конкуренција беа селектирани 19 филмови од 15 земји. Повеќе од 300.000 посетители до година во година ги сладат проекциите и бројните придружни настани на фестивалот на кој во различните програми се претставуваат секоја година стотици програми.
За реномето на оваа филмска смотра зборува и фактот што илјадници новинари од целиот свет се акредитираат за следење на фестивалските содржини.