Данската фудбалска ѕвезда Кристијан Ериксен, кој минатото преживеа тежок срцев удар на стартот на Еуро 2020 се враќа во англиската Премиер лига и само прашање на момент е кога Брентфорд ќе ја официјализира соработката со играчот.
„Скај Спорт“ објави дека Брентфорд е многу близу до конечен договор со Ериксен, кој не играше фудбал после вградувањето на дефибрилатор во срцето, но почна со сериозни тренинзи откако доби дозвола од лекарите дека може да продолжи да игра фудбал.
Според информациите, Ериксен ќе игра до јуни за Брентфорд, а потоа ќе биде разгледана опцијата за продолжување на соработката.
Тој најави неодамна дека негова цел и желба е да игра со Данска на Светското првенство во Катар во ноември и декември годинава.