Кристијано Роналдо се враќа во составот на Манчестер Јунајтед

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, ќе се врати во тимот за дерби натпреварот во Премиер лигата против лондонски Арсенал, најави денеска тренерот Ралф Рангник.

Португалскиот фудбалер поради семејна трагедија го пропушти дербито минатата недела против Ливерпул во кое Јунајтед претрпе убедлив пораз од 4-0.

Како што пренесува Би-Би-Си, тимот на Рангник за дуелот против Арсенал ќе биде посилен и за Скот Мектомини и Рафаел Варан, а поради повреда на натпреварот со Ливерпул, сезоната предвреме заврши за Пол Погба.