15 C
Skopje
среда, јули 8, 2020

Кристијано Роналдо со возен парк од над 7,5 милиони евра

330

Проценетата вредност на автомобилите на Роналдо надминува 7 и пол милиони евра.

Замислете да добиете Мерцедес вреден над 700.000 евра за роденден. Ова е токму она што му се случи на Кристијано Роналдо минатата недела, кога неговата девојка Георгина Родригез му подари луксузен мерцедес АМГ Г63 за неговиот 35. роденден.

Колекцијата автомобили на оваа светска фудбалска sвезда е толку голема што морал да обезбеди неколку гаражи, и тоа пет во Мадрид, две во Лисабон и една огромна во неговата вила во Торино, пренесува gavemesport.com.

Оваа неверојатна флота на суперавтомобили сведочи дека Роналдо навистина живее многу луксузно.  На списокот на ексклузивни автомобили на Португалецот се најдоа :

Lamborghini Aventador  (308,000 €)

Роналдо го купи овој автомобил во 2016 година додека играше за Реал Мадрид. Поседува модел од 2011 година кој вреди околу 308,000 евра и моторот има 515 КС.

Bugatti Chiron (2,2 милиони евра)

Бугати произведе само 500 модели Chiron, а еден од нив е во сопственост на Роналдо. Моторот на овој „ѕвер“ има 1500 КС и може да развие максимална брзина до 420 км на час! Роналдо го купи овој автомобил во 2017 година, а неговиот модел има и персонализирани потпирачи за глава кои ги карактеризираат CR7.

Bugatti Veyron  (2 милиони евра)

Затоа што еден Бугати не е доволен! Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед го купи својот Вејрон вреден 2 милиони евра во 2016 година. Овој модел има 1000 КС, може да достигне максимална брзина од 400 км на час, и 100 км на час за само 2,6 секунди. Роналдо се одлучи за овој автомобил, откако и помогна на Португалија да го освои Европското првенство.

Mercedes AMG GLE 63 (150,000 €)

Роналдо се стекна со овој  Мерцедес во 2016 година, како подарок за Божик. Тој го купи АМГ ГЛЕ 63, откако четврти пат ја освои Златната топка. Овој SUV има 612 КС и максимална брзина од 250 км на час.

Porsche Carrera 911 Turbo S  (166,000 €)

Роналдо го возеше своето ново Порше само два дена откако ја промаши Златната топка, што му беше доделена на Лео Меси. Овој модел е највреден во својата категорија и има мотор од 580 КС. Неговата најголема брзина е 330 км на час.

Range Rover Sport (119,000 евра)

Кристијано Роналдо често доаѓа во Јувентус на тренинзи во својот Range Rover.

McLaren Senna (1.185.000 €)

Направени се само 500 модели на овој автомобил, посветени на легендарниот возач на бразилската Формула 1, Аиртон Сена. Автомобилот има 800 КС, максимална брзина од 335 км на час и забрзува до 100 км на час за 2,8 секунди.

Chevrolet Camaro  (42.000 €)

Камаро има 6,2-литарски V8 мотор кој испорачува 453 КС. Тоа беше уште едно купување што Роналдо го направи по триумфот на неговиот состав на Европското првенство.

Ferrari F12 TDF  (415.000 евра)

Роналдо честопати изгледа како Ферари на фудбалскиот терен, па му одговара што навистина поседува еден. F12 TDF е произведен во само 799 примероци, еден од омилените автомобили и има импресивна моќ и перформанси. Автомобилот има 780 КС, а развива брзина и до 340 км на час. Постигнува 100 км на час за 2,9 секунди.

Роналдо го купи овој автомобил во 2017 година.

Rolls Royce Cullinan  (391,000 €)

Cullinan е единственото копнено возило произведено од Ролс Ројс и вреди околу 391,000 евра. Роналдо има персонализирана црно-бела верзија на овој автомобил, што ја додаде на својата колекција претходниот март, како почит на неговиот сегашен клуб Јувентус.Во автомобилот има 571 КС и мотор V12.

Јасно е дека Кристијано Роналдо ги сака своите автомобили. Со додавање на Mercedes AMG G63 во својата колекција, вкупната вредност на неговите автомобили достигна 7,7 милиони евра. Кога заработува 4,5 милиони евра месечно, како што неодамна го објави L’Equipe, може да си ги дозволи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.