Кристи Бринкли на насловната страница на „Вестлејк Малибу“

Лос Анџелес, 19 ноември 2021 (МИА) – Американскиот супермодел Кристи Бринкли во новото интервју за „Вестлејк Малибу лајфстајл“, зборуваше за тоа колку далеку стигнала модната индустрија… Манекенката, телевизиско лице, писателка и активистка за човекови и права на животните се наоѓа и на насловната страница на ова познато списание, па истакна дека забележала колку медиумите и промените во нив ги засегаат младите.

Како пример, таа го наведе тоа дека нејзината полнолетна ќерка Сејлор ја замолила да престане да го користи зборот „гоење“ кога говори за исхрана.

– Ќерка ми ми вели да не користам такви зборови и дека можам да користам изрази како „оваа храна не е добра за моето здравје“ и слично!, вели манекенката, која инаку, е на залезот на седмото десетлетие од животот.

Таа го истакна и своето мислење за еволуцијата на модната индустрија… – Младите жени земаа модни списанија и се чувствуваа ужасно бидејќи сите модели беа слаби, а обичните жени воопшто не личеа на девојките од списанијата. Сега гледате различни модели, различни возрасти, изјави Кристи.

Како супермодел, Кристи е активна од 1973 година. Во Париз – градот каде што студирала уметност, ја видел познат фотограф, ѝ пришол, се претставил и ѝ предложил да ја слика. Во Париз се сретнала и со Џон Казабланка и со модната агенција „Елит модел“. Тоа била успешна „отскочна даска“ за нејзината долга кариера потоа.

Инаку, Кристи има три деца – Алекс Реј Џоел (35), Џек (25) и Сејлор Бринкли Кук.