Кристијано Роналдо продолжува да поставува рекорди во Серија „А“

Португалецот Кристијано Роналдо постави нов рекорд. Уште во неговата прва сезона во Серија „А“, тој веќе е лидер по голгетерство во шампионатот по изминати 23 кола (18 голови), има и најмногу погодоци за својот тим во сите натпреварувања (20), како и најмногу асистенции (9).

Кристијано сега веќе е и првиот играч со постигнат гол во 9 последователни гостувања во италијанскиот шампионат. Меѓу Топ 5 првенствата во Европа (Англија, Шпанија, Италија, Германија, Франција) Лионел Меси од Барселона е рекордер со постигнати погодоци во 13 последователни дуели на гостински терен.

Кристијано постигна еден гол против Сасуоло, за победата на Јувентус со 3:0, во последниот натпревар на тимот во Серија „А“. „Бјанконерите” се лидери на табелата (63 поени), а со 11 поени помалку, второпласиран е Наполи (52 поена).