Кристопанс е нов ракометар на Фуксе Берлин

Европскиот ракометен шампион, Вардар, веќе подолг период минува низ тежок период, а денес го доби можеби најголемиот удар оваа сезона.

Најдобриот ракометар на „црвено-црните“ Даинис Кристопанс и официјално го напушти вардаровото семејство и од денед е нов ракометар на германски Фуксе Берлин.

Оваа информација ја потврди и бундеслигашот, откако на социјалните мрежи му посака добредојде на „летонскиот џин“.