Кина го осуди тајкунот за недвижнини, Рен Жиџианг, кој инаку е жесток критичар на претседателот Си Џинпинг, на 18 години затвор поради наводно давање поткуп, јави агенцијата ДПА.
Тој во јули беше избркан од Комунистичката партија, откако беше обвинет за „спогодба со неговите деца за стекнување неограничено богатство”.
Поранешниот претседател на компанијата „Huayuan Properties”, претходно го критикуваше одговорот на претседстелот Си Џинпинг на епидемијата на коронавирус, појасни германската агенција.