Критичар на Путин е уапсен во подземната железница во Москва

Руските власти го уапсиле Леонид Гозман, опозициски либерален политичар кој неодамна се вратил во Москва од странство. Апсењето на Гозман е уште еден потег на државата во справувањето со неистомислениците. Гозман е еден од руските политичари кои ја критикуваат инвазијата на Украина и Путин.

Тој бил последниот лидер на малата политичка партија Унија на десните сили, која ги собрала реформаторите на слободниот пазар, како што се Анатолиј Чубаис, кој ја напушти Русија и Борис Немцов, кој беше убиен во близина на Кремљ во 2015 година.

Леонид е уапсен по наредба на руското Министерство за внатрешни работи. За време на кривичната истрага, тој е обвинет за кршење на законот кој бара од руските граѓани да ги информираат властите дека имаат државјанство на друга земја или дозвола за престој во странство.

Доколку биде прогласен за виновен, Гозман може да биде осуден на парична казна или општествено корисна работа. Тој ги известил властите дека има израелско државјанство, но тие велат дека тоа не го сторил до крајниот рок.

По рускиот напад на Украина на 24 февруари, Гозман ја напушти Русија, но се вратил во јуни годинава. Руското Министерство за правда го ставило на листата на „странски агенти“, што значи дека тој за своите активности е плаќан од странство, и според законот влегува во таквиот регистарт.

„Мојот клиент беше приведен во подземната железница во Москва и одведен во полициска станица“, изјави неговиот адвокатот, Михаил Бирјуков.