Критики до Владата затоа што не вработила доволно луѓе кај Иџет Мемети

Европската комисија за борба против расизмот и нетрпеливоста (ЕКРИ), во рамки на петтиот циклус од мониторингот, ја обнови својата привремена постапка за времено следење која се применува на две конкретни препораки дадени во извештаите, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Во својот извештај  (објавен на 7 јуни 2016 година) ЕКРИ им препорача на властите да започнат со пополнување на сите слободни работни места во Канцеларијата на Народниот правобранител со цел да обезбеди соодветно ниво на персонал, со оглед на обемот на работа на оваа институција. Во оваа смисла, властите, исто така, требаше да и стават на располагање на Комисијата за заштита од дискриминација персоналот за административна поддршка.

ЕКРИ дошло до сознанија дека Министерството за финансии се согласило во 2017 година да пополни 10 слободни работни места во Канцеларијата на Народниот правобранител. Во август 2018 година, од вкупно 142 места во Канцеларијата на Народниот правобранител, како што е предвидено во регулативата за систематизација на јавниот сектор, 79 беа пополнети. Овој сооднос покажува дека и покрај доброто зголемување на бројот на вработени, човечките ресурси на Канцеларијата и понатаму претставуваат сериозна тешкотија.