Критики од народниот правобранител – Бајрамовска-Мустафа: Многу доцниме со протоколите

Народниот правобранител испратил писмо до МОН набројувајќи низа недостатоци за начинот на реализација на онлајн наставата. Оценуваат дека истата била многу пасивна, бидејќи како што велат, учениците на наставниот час биле присутни повеќе за да ја завршат учебната година а не да стекнат знаења.

Заменичката на народниот правобранител, Васка Бајрамовска – Мустафа вели дека овој начин на настава најмногу погодил три категории ученици односно студенти:

-Тие кои живеат во рурални средини – поради неможноста да се вклучат на интернет

-Кои доаѓаат од социјални семејства – поради неможноста да обезбедат технолошка опрема

-Со посебни потреби – поради неможноста да се адаптираат на дидактичките средства за нивните потреби

Предлагаат со усвојувањето на образовните протоколи, да бидат вклучени и родителите, учениците и професионалните служби на основните и средни училишта.

Васка Бајрамовска – Мустафа оценува дека време МОН и Бирото за развој на образование да покажат дека во второто полугодие и летниот распуст работеле нешто и да имаме решение кое ќе обезбеди квалитетна настава.

Од канцеларијата на Народниот правобранител како недостаток на онлајн наставата го наведуваат недостигот на обука за наставниците, а сметаат дека во случај да се донесе одлука за настава со физичко присуство, треба да се води сметка да не се загрози здравјето на улениците и наставниците.