Критики за намерата на ХДЗ во БиХ руски војници да дојдат во Мостар

Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, во неделата им се придружи на критичарите на настојувањата на претседателот на партијата на хрватскиот ентитет ХДЗ БиХ, Драган Човиќ, во Мостар да дојдат руски воени епидемиолошки воени експерти кои би требало да ја дезинфицираат тамошната болница, оценувајќи дека таквата задача би можело да ја извршат и припадниците на вооружените сили на Федерацијата БиХ.

„Апсолутно сум против вакавите активности на територијата на БиХ“, изјави Комшиќ за локалните медиуми потсетувајќи дека војската на БиХ, исто така, во својот состав има единица за биолошко-хемиска заштита и според него е во состојба да му помогне на здавствениот сектор во спроведување на дезинфекцијата.

Претходно во неделата и претседателот на Претседатлството на БиХ, Шефик Џаферовиќ, изјави дека нема потреба руските војници да доаѓаат да вршат дезинфекции на болниците, бидејќи за тоа постоеле реусрси и во БиХ.

Доаѓањето на руски контингент од 25 војници и пет специјализирани возила Човиќ го побара велејќи дека тие треба да помогнат во дезинфекцијата на Универзитетската клиничка болница во Мостар, како што тоа го направија претходно во Бања Лука, каде што на почетокот од април дојдоа на повик на српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик. А претходно таквата руска акција во далеку поголем обем беше изведена во северна Италија, на повик на владата во Рим.

Министерствата за надворешни работи, за одбрана и за безбедност, одлуката за ова барање ја префрлија на Претседатеството на БиХ, а од изјавите на Џаферовиќ и Комшиќ станува јасно дека нема да биде задоволено барањето на Човиќ.

Комшиќ во својата изјава дури и сугерира дека Русија во БиХ наводно всушност се обидува да делува за да оствари цели кои немале никава врска со борбата против епидемијата на коронавирусот.

„Станува збор за еден вид, како што тоа сакаат да го кажат војниците и разузнавачите, активности од ткн специјално психолошко дејствување“, тврди Комшиќ.