Кривичен суд: Доколку Рашковски ја злоупотреби дозволата за излегување ќе му се одреди притвор

Вчера, неколку медиуми објавија фотографии од Драги Рашковски, на кои се гледа како без полициска придружба оди по улица во населбата Аеродром.

Од Кривичниот суд појаснуваат дека осомичениот доставил лекарска документација, по што му е дозволено да оди на лекарски прегледи.

-Основниот кривичен суд Скопје, по добиено барање и доставена медицинска документација за закажани лекарски прегледи и специјалистички упат за лекарска интервенција, а согласно одредбите од ЗКП и Правилникот за куќен ред за извршување на мерките притвор, има издадено дозвола со конкретно определени денови и конкретно определен временски рок во текот на денот, кога на осомничениот Д.Р. му се дозволува извршување на прегледите и интервенцијата.

Дозволата е издадена со предупредување дека при евентулани злоупотреби, односно доколку по извршување на прегледите и интервенцијата во Здравствената установа и клиниката која ја издала документацијата, осомничениот не се врати во својот дом, ќе му се определи мерка притвор, ни одговорија од Судот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.