Кривична пријава против двајца прилепчани, кај кои полицијата запленила 9.900 капсули „трамадол“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Прилеп поднесе кривична пријава против З.Р. (50) од Прилеп и Е.А.(23) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и пуштање во промет на штетни средства за лечење“.

Како што соопшти МВР, на 15.08.2019 година по наредба на јавен обвинител полициски службеници при претрес во домот и објекти кои ги користеле пријавените на улицата „Гостиварска“ и улицата „Тризла“ одземени се вкупно 9.900 капсули од лекот „трамадол“, кои ги набавувале во аптека од Велес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.