Кривична пријава против малолетник од Кочани

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани, поднесе кривична пријава против малолетник од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 26.09.2021, полициски службеници извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во својот дом и покрај тоа што имал решение за домашна изолација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.