Кривична пријава за дилер од Куманово

СВР Куманово поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство од истиот град против 39-годишен дилер на дрога.

-На 16.03.2020 на ул.„Есперанто“ во Куманово, додека полициски службеници се движеле зад патничко возило „аудиА4“, управувано од А.Р. од Куманово, во кое како совозач се превезувал О.С., забележале како од совозачкото место од прозор биле исфрлени неколку најлонски пакувања. Пакувањата биле одземени и по извршеното вештачење било утврдено дека станува збор за марихуана, велат од полицијата.