Кривична пријава за двајца кичевци за бесправна сеча на дрва

Кривична за 43 лица за бесправна сеча на дрва
Кривична за 43 лица за бесправна сеча на дрва

Со бесправна сеча на дрва З.Р (33) од кичевско Жубрино и Ф.Б (32) од Кичево се стекнале со противправна имотна корист од 539.000 денари.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Кичево им поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ на дрва.

– Во периодот од јули 2019 година до 05.08.2019 година на подрачје на Кичево пријавените извршиле бесправна сеча на 77 метри кубни дабови дрва, со што се стекнале со противправна имотна корист од 539.000 денари, се наведува во редовниот Билтен на Министерството за внатрешни работи.