Кривична пријава за прилепчанец за обид да размени фалисификувани евра

СВР Битола поднесе кривична пријава против 21-годишниот А.Р. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

Пријавениот, на 5-ти јуни годинава во Прилеп пронашол банкнота од 200 евра за која знаел дека е фалсификат и се обидел да ја размени во маркет, Меѓутоа, вработените се посомневале во исправноста на банкнотата, по што пријавиле во ОВР Прилеп.