Кривична пријава за скопјанец кој во камион превезувал 26 мигранти

Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против С.С.(38) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Како што соопшти полицијата, на 11 јануари 2020 пријавениот, со товарно возило „фолксваген“, во атарот на село Свидовица превезувал 26 мигранти.