Кривична пријава за Вучиќ за аферата со марихуаната во која е вмешан партнер на Заеви

Предраг Колувија, контроверзниот „крал“ на органската храна во Србија и партнер во бизнисот со медицинска марихуан во Македонија

Аферата која последните месеци се доведува во поврзаност со врвовите на власта во Србија, но и во Македонија, ќе добие во понеделникот сосема нова димензија со кривична пријава против српскиот претседател Александар Вучиќ и неговиот брат Андреј, кој се доведува во врска со плантажа со марихуана.

Предраг Колувија, кој важи за еден од најголемите произведувачи на органска храна во Србија, од неодамна влезе во бизнисот со одгледување марихуана за медицински потреби во Македонија, беше уапсен во Србија поради нелегално одгледување марихуана. Бизнис партерот семејството на премиерот Зоран Заев е под сомнение за црна продажба на марихуана. Во Србија овој случај беше прикриван, како што пишуваат медиумите, поради поврзаноста на Колувија со српските власти. Македонските власти, пак, во овој човек гледаат бизнисмен кому му овозможија присуство на македонскиот пазар.

Според српската опозициска Народна партија, причината што тамошните власти го криеле случајот е блискоста на Колувија со актуелната српска власт. Потпретседателот на партијата, Мирослав Алексиќ, обвини дека веднаш по претресот Колувија, прво се јавил кај братот на српскиот претседател, Андреј Вучиќ. Токму тука приказната станува релевантна и за Македонија. Според Алексиќ, Колувија ја користел македонската фирма „Т.Х.Ц. Куалити гроуп“ за незаконски активности.

Нема никакви подетални информации за неговото делување во Македонија, но она што се знае дека тој има удел во струмичка компанија каде сопственик е Горан Крстев, бизнис-партнер на Заеви.

Кривичната пријава против себе ја најави самиот српски претседател Алескандар Вучиќ, истакнувајќи дека ќе ја поднесе потпретседателот на неговата владејачка Српска напредна партија (СНС) и градоначалник на Нови Сад, Милош Вучевиќ, за со отпочнување на истражната постапка пред полицијата и обвинителството да се открие вистината за замјоделскиот имот „Јовањица“ во Војводина, на која покрај органски зеленчук бил одгледувана и марихуана. Целта на пријавата е да се исчистат дамките од Вучиќ и неговиот брат.

„Вучевиќ ќе поднесе пријава против мене и Андреја поради Јовањица, за надлежните да не сослушаат и да донесат заклучоци“, изјави Вучиќ за новинарите во саботата, во текот на претставувањето на руските борбени хеликоптери на воениот аеродром во Батајница, реагирајќи на обвинувањата на опозиција дека уапсениот Колувија по интевренцијата на полицијата прво му се јавил на братот на шефот на државата.

Тоа наводно јавување на Колувија на братот на претседателот Вучиќ официјално минатата седмица на прес-конференција го негираше и минситерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, кој и самиот е висок функционер на СНС, тврдејќи дека ниту тој лично никогаш не го видел Колувија, ниту го познава.

Во саботата и самиот Колувија, преку својот адвокат, од притворот негираше дека по апсењето му се јавил на Андреј Вучиќ.

Аферата „Јовањица“ беше покрената сосема случќајни, кога еден полициски службеник откривајќи неовластено користење на полициско ротационо светло и фалсификувана полициска легитимациа кај лице запрено поради насилно возење на автопат. Се покажало дека дека станува збор за Предраг Колувија, сопственик на земјоделскиот имот „Јовањица“, кој од државниот буџет добил стимулации за одгледување органска храна на овој имот крај Стара Пазова.

Полицијата, апсејќи го на 14-ти ноември Колувија поради фалсификувана полициска легитимација и неовластено користење на полициска сигнализација на автомобил, со натамошна проверка на фармата открила и плантажа за одгледување марихуана и лабораторија за производство на дрога, 800 килограми сушен канабис, и повеќе илјади стебла од сировото растение, чијашто тежина ќе биде утврдена по процесот на сушење.

Иако ваквите акции, не само поради несекојдневниот начин на откривање и околностите во кои е одгледувана марихуаната, туку и според количеството на запленетата дрога, вообичаено се причина за промптно официјално соопштение на министерството за внатрешни работи, соопштението на српското МВР изостана повеќе од една седмица. Тоа во јавноста поттикна многубројни нагаѓања и обвинувања кои уапсениот Колувија го доведоа во врска со братот на претседателот на Србија. На прес-конференцијата минатата сабота, Стефановиќ категорички ги негираше врските на Колувија со братот на шефот на државата и со кој и да е од актуелната власт.

„Има многу спинови и лаги, а во суштина тоа служеше само за да се фрли негативна слика на добрата акција на полицијата. Оваа акција е резултат на функционирањето на државата“, тврдеше Стефановиќ.

Најавениот подносител на кривичната пријава против браќата Вучиќ, Милош Вучевиќ во саботата за Радио-телевизија Србија (РТСЖ), рече дека пријавата ги содржи „сите наводи“ со кои јавноста беше „бомбардирана претходните 20 дена“, и во кои се наведени „низа обвинувања на сметка на Александар и Андреја Вучиќ“.

„Суштината на оваа пријава е повеќе никој да нема правен простор да каже ‘некој треба да реагира’ и да се тргне во постапки во кои треба да се тргне, за секому во Србија да му биде јасно што е вистина за Јовањица – дали некој од власта помогал и учествувал во тоа, дали има учество на Александар и Андреја Вучиќ, или оние кои тоа го тврделе гнасно лажеле“, изјави Вучевиќ.

Градоначалникот на Нови Сад истакна дека со поднесувањето на кривичната приајва, обвинителството ќе има „акт по кој би требало да дејстува“ и да започне проце „да не остане сомение“, „Сега ова ќе го истераме до крајот, повелете тргнете и проверете ги фактите и известите ја јавноста што е точни“, рече Вучевиќ.

 

Колувија со сопствеништво во три фирми во Македонија

Според македонскиот Централен регистар, Предраг Колувија има сопствеништво во три фирми во Македонија. Првата, која ја споменува и Мирослав Алексиќ, е „Т.Х.Ц. Куалити гроуп“, компанија која има и дозвола за одгледување на канабис за медицински цели. Колувија ја основа оваа фирма на 16 мај 2018 година, а подоцна му се придружуваат уште неколку партнери од земјава и од странство. Во моментов, освен Колувија, удел во „Т.Х.Ц. Куалити гроуп“ имаат уште три субјекти. Тоа се физичките лица Горан Стојановски и Шќипе Дука и правното лице „Епиони холдинг“ од Никозија, Кипар.

Втората фирма во земјава во која може да се најде името на Колувија е „Јовањица“. Таму единствен газда и управител е српскиот бизнесмен. Таа компанија Колувија ја отвора три месеци по регистрацијата на „Т.Х.Ц. Куалити Гроуп“, односно во август 2018 година.

Третата фирма во која се јавува името на Колувија е „Бул-билдинг“ од Струмица. Оваа компанија, како и „Т.Х.Ц. Куалити гроуп“, има дозвола од владата за одгледување на канабис за медицински цели. „Бул-билдинг“, сепак, не е основана од српскиот бизнисмен, туку тој влегол во нејзината сопственичка структура во март 2019 година. Негови актуелни партнери во Струмица се една компанија – „Минстрој Холдинг“ и две физички лица – Александар Пиперевалиев и Горан Крстев.