Кривична пријава за загрозување на животната средина и природата со отпад

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје и Ф.Ј. на 20 година од Скопје и против правно од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад”, казниво по член 230 став .3 од Кривичниот законик.

Во текот на 2022 година на импровизиран пункт – отпад, којшто се состоел од две комби возила без регистарски ознаки и без означена фирма и дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање за вршење на дејност, вршел откуп на секундарни суровини- отпад, старо железо, метални предмети на тротоар на улицата „Максут Садик” односно на улицата „376″.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.