СВР Битола поднесе кривична пријава против Р.С.(42) од с.Десово, битолско, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „даночно затајување“.
Пријавениот, инаку индивидуален земјоделец со намера да одбегне плаќање персонален данок во 2011 година, во управата за јавни приходи-Прилеп не поднел годишна даночна пријава за остварен приход за 2010 година иако истиот на својата трансакциона сметка имал прилив на парични средства во износ од 506.000 денари со што затаил персонален данок на доход во износ од 50.598 денари.