Кривична пријава против стружанец за тргување со оружје и разбојништво

ПС Струга поднесе кривична пријава против И.Л.(25) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „разбојништво“, и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“,.

На 23.04.2014 година пријавениот маскиран и вооружен влегол во менувачницата „К-Виса“ во Струга при што со закана над вработената започнал да зема пари од сефот и касата. Вработената на висок тон повикала помош поради што И.Л. почнал да бега при што е совладан а потоа и приведен. При претрес во неговиот дом пронајдени и одземени се една рачна бомба, пиштолот сопственост на неговиот татко и рамката со пет куршуми. Основен суд Струга на приајавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.