СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.З.(25), В.Ј.(34) и Г.Г.(33) сите од Струмица за сторени две кривични дела „насилство“.
На 30. ноември, околу полноќ, во Ново Село пред пицеријата Ана Марија, пријавените без повод и причина физички нападнале лице од истото село, во тој момент дошле уште две лица кои од страна на пријавените без повод и причина биле физички нападнати. Нападнатаите лица биле пренесени во Општа болница во Струмица каде им биле констатирани видливи повреди на телото, а едно од лицата бил задржан за понатамошно лекување. Истата вечер околу 02.00 часот пријавените се упатиле кон бензинската пумпа во с.Колешино, каде без повод и причина физички нападнале уште едно лице, нанесувајќи му видливи повреди на лицето и телото.