Кривична пријава за стружанец кој тргувал со оружје

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Ф.Б.(20) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Имено, на 24.07.2014 година при претрес во домот на пријавениот биле пронајдени една полуавтоматска пушка со бајонет, еден оптички нишан марка „Гамо”, еден револвер марка „Екол Випер“ калибар 9 милиметри, два држачи за куршуми и една празна рамка за полуавтоматска пушка.