Кривична пријава за стружани кои краделе огревно дрво

48

ПС Струга поднесе кривична пријава против А.П.(61) и К.И.(53), за сторено кривично дело „кражба“.

Во с.Горно Татеши, струшко, извршен е претрес на семејната куќа на А.П., каде се пронајдени два кубни метри огревно дрво даб, за кои немал соодветна документација. Од извршен разговор со синот на A.П. утврдено е дека K.И. наводно предходно по грешка   исекол дрва од парцела на  A.П., а како извинување ги донел пронајдените дрва во нивниот двор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.