Кривична за двајца кичевци за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против A.M.23 годишен и Љ.М.25 годишен, двајцата од Кичево, информира портпаролот на СВР- Охрид Стефан Димоски.

Тој објасни дека тие, на 29.март во 17:00 часот, во време кога на сила е мерката за ограничено движење, биле затекнати на булеварот „Ослободување“ во Кичево, по што биле приведени во полициска станица.

Пријавените не се придржувале до мерката за забрана за движење на граѓаните во временскиот период од 16:00 до 05:00 часот заради спречување на ширење на коронавирус, предвидена во Одлуката на Владата на Р.С. Македонија.