Кривична за Комитата на кој му беше ампутирана раката

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Г.Н.(37) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”.

На 03.08.2014 година околу 19:20 часот на стадионот „Тумбе Кафе“ во Битола, за време на одигрувањето на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК„Пелистер“ и ФК„Вардар“, на место каде била сместена навивачката група „Комити“ од Скопје, во маса од поголема група лица, пријавениот активирал експлозивна направа, т.н. „Шок бомба“.

Пријавениот со бомбата во десна рака се пробил низ толпата навивачи и се повлекол во средината на толпата каде почнал да размавтува со неа, во еден момент ја префрлил во левата рака и потоа истата ја активирал.

За целото време навивачи од групата Комити се обидувале да ја одземат или да направат нешто друго со бомбата, додека од униформираните припадници на МВР за цело време се слушало предупредување со извици за Шок.

Од експлозијата пријавениот се здобил со тешки телесни повреди (ампутација на прсти од лева рака), а исто така со повреди се здобиле уште седум лица од Скопје.