Кривична за мајка од Кочани за „запуштање и малтретирање на дете“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Џ.С.(22) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

Пријавената, подолг временски период го оставала своето малолетно дете без никаков надзор и грижа дома, а во повеќе наврати детето било оставено несоодветно облечено на улицата во непосредна близина на нивната куќа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.