Дваесет и петгодишниот Б.К. од Штип доби кривична пријава поради неовластено производство и трговија со дрога.
Во текот на 2014 година, пријавениот на Д.Е. и Д.Г. во повеќе наврати им продавал марихуана и екстази. На 12.јули оваа година во Македонска Каменица се приведени Д.Е. и Д.Г. и над нив било извршено тестирање при што е утврдено дека кај истите се детектирани метаболити од екстази.