Кривична за стружанец кој не го почитувал полициски час, а се барал и за кражба

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“ и „тешка кражба“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Т.Н. (31) од Струга.

-На 29.03.2020 година во 16.35 часот, за време на ограничувањето на движењето на граѓаните, при контрола за доследно спроведување на мерките за ограничено движење за време на полицискиот час и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, полициските службеници го затекнале пријавениот на улицата „Боро Хаџиески Путе“ во Струга. По дополнително преземени мерки, констатирано е дека тој, на 28.03.2020 година, извршил тешка кражба во Основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, од каде, по насилно влегување, против правно одзел повеќе видиви на електрични машини и апарати.